Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
Оддел за ИКТ развој во Сектор за деловни корисници во Област на главен комерцијален директор
Работно место: Виш специјалист за деловен развој
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
- Високо образование - Технички факултет- Електротехника, Телекомуникации, Информациски технологии; Економски факултет или останати факултети
- Минимум 5 година соодветно работно искуство со специфични познавања од некоја од следните области:
- Познавање на јавниот и приватниот здравстен систем, употреба на ИКТ во здравсто, светски практики во областа на е-здравсто
- Познавање на јавниот и приватниот образовен систем, употреба на ИКТ во образованието, светски практики во областа на е-образование
- Познавање на функицонирањето на локалната самоуправа, концептите на паметни градови, светски практики во областа на паметни градови
- Познавање на функционирањето на европските предпристапни и останати фондови и можностите за финансирање на развојни проекти
- Познавање на концептите на електронски документи, електронски потпис, е-идентификација
- Одлично познавање на англиски јазик
Работни задачи:
- Следење и развивање на нови деловни можности во соодветната деловна вертикала
- Планирање, подготовка и одржување презентации кај корисници во насока на развој на нови деловни можности
- Развој на нови деловни можности во соодветната вертикала од идеја до финална реализација
- Поддршка на крајните корисници во развој на специфични деловни решенија во соодветната вертикала
- Поддршка на крајните корисници во идентификација на можности за финансирање на развојните проекти
- Фокус на нови деловни опции и поддршка на продажните манаџери задржување на постојните договори од соодветната област
- Воспоставување и одржување релации со корисници од соодветната вертикала во координација со продажните менаџери
- Остварување на планираните приходи во блиска соработка со тимот за продажба и ИКТ продажба
- Следење на развојот на пазарот и конкуренцијата во соодветната развојна вертикала
- Предлози за нови стандардизирани продукти и сервиси за соодветната вертикала
Способности и вештини:
- Претприемачки способности, презентациски и комуникациски вештини, способност да донесува одлуки и способност за решавање проблеми, ориентираност кон остварување на резултати, транспарентност и деловна ориентираност, напредни способности за справување со стресни и конфликтни ситуации
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк
http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виш специјалист за деловен развој
Огласот ќе биде објавен на ден 25.10.2018 година и ќе трае до 31.10.2018 година.
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3 242-602 до 16:00 часот
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00,
Предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 47.415,00 денари
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид