Vrabotuvanje.com - Дипломиран електроинженер/електроничар - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Дипломиран електроинженер/електроничар

Куманово

Application deadline:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал и има околу илјада вработени, од кои голем дел се акционери. Таа располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени члични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција. 

Дипломиран електроинженер/електроничар​
3 (три) извршител, на определено време од три месеци, со можност за продолжување на договорот за работа

 

Задолжителни услови:

  • Висока стручна подготовка, Електро факултет
  • Познавање на англиски јазик
  • Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста позиција

Одговорности:

  • одговорен е за примена на пропишаната технологија во производниот процес,
  • дава стручни напатствија за реализација на пропишаната технологија, тесно соработува со подготовка на производство и дава иницијативи за унапредување на технологијата за изработка на цевки и профили како и за конструкција на технолошки алати,
  • одговорен е за квалитет на производството, презема конкретни мерки и инцијативи за унапредување на квалитетот,
  • го следи извршувањето на оперативниот план и превзема организациони и други стручни мерки за негово целосно реализирање,
  • одговорен е за спроведување на мерки за БЗПР  и ППЗ,
  • врши и други работни задачи од својата стручност, по налог на претпоставениот

 

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Аплицирај, или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за -----”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во насловот.  

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат во предвид.

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more