Vrabotuvanje.com - Кредитен Аналитичар - Скопје - Скопје - Охридска банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Кредитен Аналитичар - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • Охридска банка АД Скопје

Охридска банка вработува!

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

КРЕДИТЕН АНАЛИТИЧАР

Локација: Скопје

 


ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Ги анализира кредитните досијеа
  • Подготвува финансиска анализа за одредување на каматни стапки;
  • Обезбедува квалитет на финансиските и бизнис информации за соодветна проценка на кредитниот ризик;
  • Дава поддршка на Менаџерите за клучните клиенти и Референтите за кредитирање;
  • Дава мислење за кредитните барања: комерцијални можности, ризик и профитабилност ;
  • Потврдува и предложува рејтинг (оценување, класификација) на клиенти и на обврски
  • Издава официјално известување за кредитното досие
  • Ја испитува профитабилноста на трансакцијата
  • Управува со кредитните досијеа на клиентите (обезбедување, пречекорувања, исплати, услови, рејтинзи итн)
  • Соработува во следењето на исполнувањето на обврските и гаранциите во соработка со Дирекцијата за ризик;
  • Подготвува различни видови на извештаи во согласност со потребите на работната позиција


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција;
  • Развиени аналитички вештини и техники;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office ;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.


Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 02.11.2018 год. преку полето Аплицирај со задолжителна назнака „Кредитен Аналитичар - Скопје“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
  • Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more