Vrabotuvanje.com - Виши Соработник за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Виши Соработник за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 

За своите потреби, Македонски Телеком АД Скопје објавува оглас за работна позиција во:

Служба за тарифирање, фактурирање и финансиски односи со корисници/ Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура / Област на Главен директор за техника и ИТ

Работно место: Виши Соработник за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење

Услови: 

  • Високо или Вишо образование – Технички факултет – Електротехника, Технички факултет - Информациски технологии, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Природно математички факултет или друг технички факултет
  • Познавање на релациони бази на податоци
  • Познавање на UNIX/Shell Scripting
  • Практични познавања од SQL и PL/SQL 
  • 0-3 години соодветно работно искуство 
  • Добро познавање на англиски јазик 

Работни задачи:

  • Да ги извршува активностите за апликативно одржување и развој на системите кои се наоѓаат во  доменот за тарифирање и фактурирање во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
  • Да ги одржува системските интерфејси во надлежност на доменот за тарифирање и фактурирање
  • Извршување на задачите од  циклусот за фактурирање на претплатниците 
  • Да  учествува во  имплементацијата на новите верзии на апликациите во доменот 
  • Да извршува конфигурацијата на новите продукти, тарифи и  промоции во системот за тарифирање и фактурирање
  • Да подготвува техничка и корисничка документација за решенијата
  • Да зема учество во анализата на функционалните барања и да предлага решение за истите
  • Да обезбеди оперативна подршка и одржување на апликациите во рамките на работната единица.
  • Да се грижи за континуирана работа на системите во надлежност на работната единица

Способности и вештини:

  • Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност и тимска работа 

Вашата биографија може да ја  оставите електронски преку полето Аплицирај, со назнака оглас за ангажирање за  - Виши Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење

Огласот ќе биде објавен на ден 06.11.2018 година и ќе трае до 12.11.2018 godina

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број  3 242 – 602, од 08:00 до 16:00 часот.  

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00.

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  25.672,00 денари 

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more