Раде Кончар ТЕП е водечка компанија во металопреработувачката и електро-индустрија како во Македонија така и во останатите Балканските земји. Претставува дел од брендот "Раде Кончар" што егзистира 70 години.
Од своето основање во 2006 година, ТЕП како дел од Раде Кончар-Сервис, континуирано се развива во насока на иновација на нови производи, иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија.
Успехот на нашите производни решенија се должи на посветеноста, професионалноста и страста на нашиот тим, постојано следење на барањата на пазарот и светските трендови, како и комбинирање на функционалноста и дизајнот на нашите решенија.
Веруваме дека постојаното инвестирање во истражување и развој е суштински дел од поддржување на иновативна и развојна економија, која помага во одржување на работни места со висока вредност и помага во привлекување на нови бизнис можности и талентиран кадар.
работници во производство
4 (четири) извршители
Потребни квалификации:
- Завршено средно машинско образование
- Со и без работно искуство
- Познавање на работа на машина во фабрика за производство на делови од лим (сечење,пробивање,виткање,...)
- Добро читање (разбирање) на технички цртежи
- Се преферира кандидатот да биде на возраст до 45 години
Работа во смени: прва и втора (по потреба трета која се плаќа дополнително)
Работно време:
- Прва смена 7-15 часот
- Втора смена 14-22 часот
- Од понеделник до петок (доколку е потребно и сабота со дополнителен финансиски надоместок)
Ние нудиме:
- Почетна нето плата: 15.000 мкд
- Пријавување од прв работен ден
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата професионална биографија (CV) преку полето Аплицирај.