Vrabotuvanje.com - Специјалист за телекомуникациска безбедност - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за телекомуникациска безбедност

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје  
 
Служба за сајбер безбедност и заштита на податоци / Сектор за ИТ / Област на Главниот  директор за техника и ИТ
                                                        
Работно место: Специјалист за телекомуникациска безбедност
    
 
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 
 
Услови: 
  • Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет - Институт за Информатика или друг технички факултет,
  • 3-5 година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Познавања од технологиите и системите, како инфраструктурата, така и опремата на клиентска страна, за овозможување на IPTV услуги
  • Познавања од технологиите и системите
 
Работни задачи:
  • Одговорен за процесот на управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура која ќе овозможи сигурно и непрекинато функционирање на сите мрежни системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/информации 
  • Ја имплементира и учествува вооперирањето на безбедносната инфраструктура и безбедноста на мрежните елементи во Областа на главниот директор за техника (НТ), и со тоа  овозможува сигурно и непрекинато функционирање на сите НТ системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/ информации
  • Да учествува во имплементацијата и конфигурирањето на безбедносни параметри во системите од фиксната и мобилната телефонија, инфраструктурата и опремата на клиентска страна за овозможување на широкопојасни Интернет услуги, како и инфраструктурата и опремата на клиентска страна за овозможување на IPTV услуги.
  • Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура и процеси која ќе овозможи имплементација на политиките за безбедност на DT, MT и компанијата, како и усогласеност со локалната законска регулатива.
  • Да го контролира поставувањето, оперирањето, одржувањето, надградбата, и конфигурацијата на безбедносната опрема и имплементацијата на барањата согласно со корпоративните безбедносни политики
  • Да учествува во воспоставување на процеси за ИТ и НТ безбедност во согласност со најдобрите практики, дефинирање и доделување на улоги и задолженија
  • Да учествува во воспоставување на оперативна стратегија и план на организационата единица, реализација на плановите преку управување и континуирано унапредување на процесите и ефикасноста во работењето на организационата единица
  • Да учествува во тимот за справување со ИТ и НТ сигурносни инциденти CIRT (Computer Incident Response Team) со стручно знаење од областа на безбедноста на ИТ и телекомуникациите
 
Способности и вештини:
  • Одлични организациски и комуникациски способности, делегирање на задачи, контрола на процеси, аналитички способности и способност за решавање на проблеми, самодоверба, одлични вештини за пишување на извештаи, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа
Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Специјалист за телекомуникациска безбедност
 
Огласот ќе биде објавен на ден 12.11.2018  година и ќе трае  до  19.11.2018 година
 
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3 242-602 
 
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, 
 
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 30.893,00  денари 
 
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот
 
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
 
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more