Објавува ОГЛАС за следната работна позиција
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА за Штип-Пробиштип
Датум на објава: 13 Ноември 2018
Рок за пријавување до 25 Ноември 2018
Број на оглас: О-МИ-АП-181113-4
Сектор: Комерција – Марс (Вригли)
Локација / Регион: Штип-Пробиштип
Одговара на: Регионален менаџер за продажба за источна Македонија
Работни задачи:
- Дирекна продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,
- Грижа за производи по стандарди на компанијата,
- Грижа за купувачи на дадениот регион,
- Следење и известување за активности на пазарот,
- Грижа за наплата на побарувања,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето, и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организиран/а и аналитичен/а,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Познавање на назначениот регион,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство и услови:
- Претходно работно искуство не е потребно,
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Аплицирај со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на почетната нето плата за огласеното работно место изнесува 18.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена за додаток за работна успешност.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања.
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.