Vrabotuvanje.com - Виши Специјалист за менаџмент на ИКТ решенија - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Виши Специјалист за менаџмент на ИКТ решенија

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје  
 
Служба за ИКТ во Сектор за деловни корисници во Област на Главен комерцијален директор
 
Работно место: Виши Специјалист за менаџмент на ИКТ решенија
 
    
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 
 
Услови: 
  • Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации, Информациски технологии; Економски факултет или останати факултети                         
  • 5 година соодветно работно искуство 
  • Технолошки сертификати од некој од познатите производители на опрема/софтвер – Cisco, IBM, DELL, EMC, Microsoft, Oracle, HP, ........
  • Задолжително напредно познавање и практично искуство од минимум една од следниве обалсти:
  • Сигурност на информатички системи, мрежна сигурност, cloud сигурност
  • Податочни центри, виртуелизација, cloud технологии, серверски технологии, storage
  • Мрежни технологии, безжични мрежи, LAN/WAN мрежи, високо достапни мрежни архитектури, SD мрежи
 
Работни задачи:
  • Подготовка на продажни и претпродажни сценарија за комплексни ИКТ решенија кои даваат насоки за реализација на активностите на Специјалистите за менаџмент на ИКТ решенија
  • Во координација со проданиот тиме развој на нови големи кориснички ИКТ проекти и систем интеграциски решенија преку консултантска продажба и влијание на зголемување  на свесност за корисничките придобивки 
  • Работи на задржување на постоечките ИКТ корисници кои применуваат комплексни решенија и се залага за придобивање на нови корисници во корпоративниот и јавниот кориснички сегмент.
  • Подготвува кориснички презентации и ги поддржува продажните менаџери на состаноците со клиентите, кога е потребно
  • Консултантска продажба преку која ќе им помогне на клиентите да ги разјаснат нивните потреби и барања, како и да создаде услови за дополнителна продажба идентификување на дополнителни потреби и проширување на корисничкото портфолио
  • Ја проценува техничката изводливост на продажните потенцијали
  • Постојана подршка на корисниците во перидот по имплементација на решенијата
  • Одговорен е за  Profit/Loss анализата за ИКТ решенија вклучувајќи: high level design и листа со потребни oпрема за решенијата 
  • Развивање на ИКТ решенија и услуги за ЕУ финансираните проекти, како и координирање на целокупниот процес
 
Способности и вештини:
  • Способност за постојано учење, напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми, напредни способности за презентација, самодоверба, креативност, проактивност, доверливост, флексибилност, посветеност, способност за работа под притисок и кратки крајни рокови
 
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Специјалист за менаџмент на ИКТ решенија
 
Огласот ќе биде објавен на ден 15.11.2018 година и ќе трае до 21.11.2018 година.
 
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3241 - 602 
 
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00
 
Нето плата  за ова работно место е во висина од  50.000,00 денари 
 
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот
 
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
 
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more