Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за правни работи во Правна Служба - Скопје - ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен соработник за правни работи во Правна Служба

Скопје

Application deadline:

  • ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:


Стручен соработник за правни работи во Правна Служба
(Неопределено време со пробна работа во траење од 4 месеци)

 


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: 

  • VII/1 степен, ВСС, Правен факултет;
  • 2 години работно искуство, задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ;
  • Положен правосуден испит;
  • Англиски - солидно познавање, читање и пишување;
  • Способност за управување со повеќе активности истовремено, изразени комуникациски способности, непосреден пристап до сите вработени;
  • Иницијативност, тактичност, креативност, доверливост, способност за планирање и одлучување;


Опис на работното место/одговорности:

  • Ја застапува Банката во постапките пред судски, управни и други државни органи каде Банката се јавува во својство странка, изготвува соодветни извештаи и врши проценки за правните ризици кои произлгуваат од истите,а се во рамките на добиените насоки и овластувања;
  • Учествува во изготвување на правни мислења за сите правни прашања поврзани со редовното работење на ШБМ;
  • Учество во подготовки, проверка и/или изготвување и постојано следење на квалитетот од правен аспект на правни акти и договори кои произлегуваат од редовното работење на Банката;
  • Учествува во изготвување на политики, процедури, упатства и сл. во кои носител е Правната служба и по потреба учество во изготвување политики, процедури или упатства во кои носители се другите организациони делови на Банката;
  • Врши следење на законските и подзаконските акти со цел усогласување на актите на Банката со усвоените новини;
  • Учествува во водењето на регистри и контрола и анализа на работа на надворешните субјекти кои извршуваат услуги од доменот на Службата, а со кои Банката има склучено соодветни договори;
  • Учествува во стручно оспособување на вработените во Службата;
  • Ги спроведува процесите, целите и во согласност со нив го почитува планот за работа на Службата;
  • Учествува во изготвувањето на извештаите кои произлегуваат од работењето на Службта до УО и НО на Банката;

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Минималната основна месечна нето плата за бараното работно место изнесува 27.900,00 денари а максимумот изнесува 41.500,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта, лично на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје или преку полето Аплицирај, најдоцна до 10.12.2018 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more