Vrabotuvanje.com - Администратор на бази на податоци - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор на бази на податоци

Скопје

Application deadline:

  • НЛБ Банка АД Скопје

 

НЛБ Банка вработува Администратор на бази на податоци

Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци.

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

НЛБ Банка во секторот за информатичка технологија нуди предизвикувачкa отворенa работнa позиција во рамки на која ќе имате можност да работите на имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

Главните цели на отворенaта работна позиција Администратор на бази на податоци во Секторот за информатичка технологија e следење, одржување, управување и усогласување на работата на базите на податоци. 

Улога во тимот: 

  • Конфигурација, одржување и управување со базите на податоци; 
  • Планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
  • Изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци; 
  • Следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање; 
  • Соработка при развој на апликации; 
  • Изработка на упатства, прирачници и стандарди; 
  • Предлагање на промени во системот за управување со бази на податоци и подобрувања на безбедносни политики.

Потребни квалификации и компетенции: 

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки);
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database);
  • Подготвеност за учење во динамична средина со најнова компјутерска технологија;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работното место нуди предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк најдоцна до петок 07.12.2018 година, со избирање на работната позиција Администратор на бази на податоци

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more