Vrabotuvanje.com - Оператори на производна линија - Скопје - Baumer
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Оператори на производна линија

Скопје

Application deadline:

  • Baumer

Со над 2,700 вработени Баумер е една од светски водечките прооизведувачи на сензори и мерни инструменти наменети за автоматизација на процеси. Овој успех Баумер го должи на своите вработени кои се посветени, врвно стручни  и секогаш фокусирани на изнаоѓање на најдобри решенија за нашите клиенти. 


Баумер има потреба од оператори на производна линија во својот погон за производство на индуктивни сензори и кабли во индустриската зона Бунарџик 1.

 

ОПЕРАТОРИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА

Предизвици:
  • Механичко монтирање на компоненти и сензори (лемење, лепење и спојување)
  • Подготовка на материјал за работа
  • Проверка на изработениот производ (механичка, оптичка, електрична)
  • Етикетрирање и пакување на производите
  • Постапување според работно упатство/налог 
  • Задолжително следење на правилата и процедурите за работа
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
 
Квалификации и експертиза:
  • Средно образование
  • Искуство во лемење на прецизни компоненти ќе се смета за предност
  • Технички вештини или афинитет за прецизна работа
  • Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
  • Висока свест за и фокус на квалитет на производите
  • Одговорност при извршување на задачите
  • Тимска работа
  • Независност во работењето
 
Што ја прави работата привлечна:
  • Обука во Швајцарија во базата на компанијата со врвни стручни лица во доменот на работата
  • Можност за стекнување на знаења и вештини во полето на напредната технологија
  • Обезбеден превоз до работа
  • Обезбеден оброк во кантината на фабриката
  • Одлични услови за работа и можности за напредок во кариера во меѓународна компанија
 
***Работата ќе се одвива само во една смена од понеделник до петок

Ако барате нов предизвик во динамична и брзо растечка успешна швајцарска семејна компанија, можеме да ви понудиме единствена можност. Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
 
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до петок, 21 декември 2018 година.

Само квалификуваните кандидати ќе бидат поканети на интервју

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more