Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.
Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:
Раководител во обработка на пиво
Реон Прилеп
Потребни квалификации:
ВСС -Технолошко Металуршки факултет(Прехрамбена технологија и Биотехнологија) или Машински факултет (смерови: Автоматизација и управувавачки системи; Хидраулично енергетско инженерство; Производно инженерство)
Пожелно работно искуство до мин 1 година, или практикантска работа во соодветна компанија
Одговорности и задачи:
Раководи со целокупната работа во обработката на пиво;
Го спроведува и контролира режимот на технолошкиот процес одреден од страна на шефот на обработка на пиво;
Врши контрола на квалитетот и квантитетот на пивската сладовина, младото пиво и исфилтрираното пиво;
Се грижи за исправноста на опремата;
Ја контролира количината на хлор во водата во хлорната станица;
Го контролира процесот на ферментација и потребните температурни режими во главната и дополнителната ферментација;
Води евиденција за присуство на вработените и ги евидентира сите останати мерила за вреднување на трудот;
Се грижи за ХТЗ на вработените;
Го контролира процесот на полнење на пиво во буриња;
Ги применува пропишаните мерки за заштита при работа;
Работа во смени
Ве покануваме да ја доставите Вашата Професионална Биографија (CV) користејќи го полето Аплицирај.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!