Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.
Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:
Комерцијалист – реон Скопје (2 позиции)
Потребни квалификации:
ВСС/ ССС
Пожелно е минимум 2 година искуство во продажба (Трговија, КА, Хорека)
Работно искуство во продажба во прехрамбена индустрија
Возачка дозвола Б - категорија
Одговорности и задачи:
Врши посета на купувачи во определен реон и ја следи и продажбата по количини и брендови,
Се грижи за продажбата и наплатата, прави порачки со коминтентите и се грижи за нивното реализирање од страна на возачите.
Ја спроведува статегијата за развој на определен пазар и го следи пазарот и дава предлози за проширувања, се грижи за реализација на планот за продажба
Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен
Прави истражување на пазарот (анкети ,сондирања итн)
Во соработка со кординаторот и претпоставените се планира развојот на определена територија,отстранување на проблеми ,одредување на приоритети итн.
Прибира и доставува информаци за работата на конкуренцијата, потрошувачите, движењата на пазарот
Се грижи за спроведување на маркетиншките активности превземени со определени кампањи,
Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите
Ние нудиме:
Месечни бонуси согласно поставени и остварени таргети
Работно време од 08-16часот
Ве покануваме да ја доставите Вашата Професионална Биографија (CV) преку полето Аплицирај.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Other amounts to 22.029 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!