Vrabotuvanje.com - Работник во магацин - Скопје - Вивакс
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Работник во магацин

Скопје

Application deadline:

  • Вивакс

 
"Вивакс" е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
 
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 
РАБОТНИК ВО МАГАЦИН 
 
 
Одговорности и задачи:
  • Извршува прием, истовар и сместување на репроматеријали, суровини и други производи за потребите на производниот процес.
  • Врши подготовка на стоката (готов производ) и товарење.
  • Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на одговорниот за магацин и експедиција.
Потребни квалификации:
  • ССС.
  • Со или без работно искуство.
  • Познавање на работа со компјутер.
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ви нудиме:
  • Можност за напредување во работата.
  • Обезбеден оброк.
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО МАГАЦИН’’.
 
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 25.12.2018 до 01.01.2019).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more