ПЗУ Систина Нефроплус Кавадарци за потребите на своите подружници објавува
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
За две работни места лоцирани во Скопје
1. Координатор на медицински сестри – за Дијализни центри во западен реон
2. Координатор на медицински сестри – за Дијализни центри во источен реон
Опис на работни должности:
- Усогласување на процедурите, протоколите и стандардите на работењето на медицинскиот и технички персонал во областа
- Координирање и организација на работењето на медицинскиот и технички персонал
- Следење и евалуација на работата на медицинскиот и технички персонал согласно протоколите, кодексот и стандардите за работа
- Остварува теренска посета на дијализни центри, остварува комуникација со пациенти и решава тековни прашања во врска со работата и потребите на медицинскиот и технички персонал
Потребни услови:
- Завршена Висока медицинска школа
- Најмалку седум (7) години работно искуство во област на дијализа
- Одлично познавње на работа со компјутерски програми
- Одлично познавање на англиски јазик
Потребни вештини и способности:
- Комуникациски способности
- Презентациски вештини
- Лојалност, доверливост
- Одговорност кон доверените задачи
Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.
Висината на минималната основна нето плата е 35 000 денари, (во зависност од тоа колку кандидатот ги исполнува условите за работното место).
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот.
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации можат да аплицираат со испраќање кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо, преку полето Аплицирај најдоцна до 15.02.2019 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Дискрецијата на сите апликанти е загарантирана.
Краен рок за пријавување: 15.02.2019 година