Vrabotuvanje.com - Специјалист за маркетинг и односи со јавност - Скопје - РИФАМ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за маркетинг и односи со јавност

Скопје

Application deadline:

  • РИФАМ ДОО

Бараме млад и амбициозен ентузијаст кој ќе му се придружи на нашиот тим и ќе ја преземе одговорноста за планирање/спроведување на маркетинг активности со цел за развивање и одржување на свесноста за нашите брендови, како и максимизирање на приходите. Успешниот кандидат ќе има клучна улога во развивањето на базата на клиенти и потрошувачи и во креирањето на ефективни стратегии за долгорочен развој на нашата компанија.
Маркетинг Специјалистот кој го бараме треба да биде компетентен професионалец кој го сфаќа поведението на потрошувачите и генерира креативни идеи.

Посебно, треба да биде добро запознаен со специјализираните маркетинг концепти, принципи и тактики во фармацијата.

Специјалист за маркетинг и односи со јавност

Потребни квалификации:

  • ВСС/BA од областа на маркетинг, комуникација или соодветно
  • Претходно искуство во улогата на маркетинг специјалист од најмалку 3 години, по можност барем 1 година во областа на фармацевтски маркетинг
  • Темелно разбирање за елементите на маркетинг (вклучувајќи традиционален и дигитален маркетинг како што е SEO/социјални медиуми итн.) и методите за истражување на пазарот;
  • Солидни компјутерски вештини, маркетинг софтвер (Adobe Creative Suite & CRM) и апликации (Web analytics, Google Adwords etc.)
  • Познавање на HTML, CSS и алатки за web development (на пр. Dreamweaver);

Останати квалификации:

  • Стручна компетентност 
  • Користење на CRM софтвер
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office  
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на законската регулатива од соодветната облас

 

Опис на работното место:

  • Развој и спроведување на маркетиншки стратегии и годишни планови за брендовите и производите на РИФАМ ДОО и нашите партнери како и за компанијата во целина;
  • Истражувања на пазарот за потребите, навиките и трендовите на потрошувачите.
  • Брејнсторминг и развивање на идеи за креативни B2B и B2C кампањи;
  • Асистирање при излезни или влезни активности преку демонстрирање експертиза во најразлични области (оптимизација и локализација на содржина, адвертајзинг, планирање и организирање на настани итн.);
  • Развој на ATL и BTL маркетинг комуникациски материјали за различни целни групи;
  • Одржување врски со надворешни продавачи со цел спроведување на промотивни настани и кампањи;
  • Планирање и спроведување иницијативи за стигнување до целната публика преку соодветни канали (веб страна, социјални медиуми, e-mail, радио, ТВ итн.);
  • Анализирање на маркетинг податоци (резултати од кампањи, стапки на конверзија, сообраќај итн.) како помош за формулирање на идни маркетинг стратегии;
  • Добра организација и посветување внимание на детали, аналитички вештини;
  • Исклучителни вештини за комуникација, пишување и презентација;
  • Флексибилност и прилагодливост, организираност и тимски пристап;
  • Претприемачки дух со креативен пристап, ориентираност кон резултати;​

 Ние нудиме:

  • Почетна нето плата во износ од 34.000 денари
  • 40 часа неделно, канцеларија во Скопје и патување во земјата и странство по потреба

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција Аплицираат.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more