Vrabotuvanje.com - Стручен соработник во сектор Фармација - Скопје - РИФАМ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен соработник во сектор Фармација

Скопје

Application deadline:

  • РИФАМ ДОО

Ние сме РИФАМ ДОО – комбинираме долгогодишно искуство на регионалните фармацевтски пазари со иновативни решенија, со цел да им овозможиме на пациентите пристап до најквалитетните препарати.

Стручен соработник во сектор Фармација

Опис на работата:

  • 1. Обезбедува континуиран раст во пласманот на производите на РИФАМ доо во својата зона на одговорност;
  • 2. Учествува во правењето на плановите во сектор Фармација и придонесува во ефикасна соработка на ниво на сектор и во компанијата;  
  • 3. Креира професионални врски и одржува комуникации со клиенти и локални бизнис партнери.
  • 4. Под надзор на Раководителот на сектор Фармација, извршува активности во сектор Фармација на дневна основа во согласност со утврдените работни планови и задачи.
  • 5. Врши презентација и промоција на компаниските брендови преку посети на здравствени работници;
  • 6. Обезбедува соодветни и навремени информации за производите, услугите и условите на клиентите на компанијата како и на сите други заинтересирани страни;
  • 7. Развива комуникации и воспоставува професионална деловна соработка со индивидуални здравствени работници и установи во својата зона на одговорност;
  • 8. Континуирано демонстрира личен интегритет и етички пристап во работењето;
  • 9. Придонесува во процесите на подготовка и спроведување на оператвните планови во сектор Фармација на РИФАМ доо;
  • 10. Идентификува потреби и предлага мерки за работењето во својата зона на одговорност; 
  • 11. Учествува на координативните средби во секторот и компанијата и одржува комуникација и континуирана соработка со останатите Стручни соработници;  
  • 12. Редовно ги ажурира и анализира резултатите од работењето во својата зона на одговорност и подготвува редовни и ад хок извештаи кои ги доставува до Раководителот на сектор Фармација;
  • 13.   Редовно ги следи и анализира состојбите во својата зона на одговорност, прибира информации при спроведување истражувања на пазарот;  
  • 14. Во договор со со Раководителот на сектор Фармација извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со прецедурите и правилниците за работа на РИФАМ доо.

Потребни квалификации:

  • ВСС - Медицински науки (Општа медицина, Стоматологија, Фармација)
  • Не е неопходно соодветно работно искуство во фармацевтски сектор
  • 3 години работно искуство во секторот
  • Работно искуство во зоната на одговорност
  • Искуство како активен возач со Б категорија
  • Стручна компетентност 
  • Користење на CRM софтвер
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office  
  • Познавање на англиски јазик

Личен профил:

  • Професионалност, лојалност и посветеност
  • Одлични презентирачки вештини 
  • Комуникациски вештини
  • Решавање на проблеми и конфликти 
  • Ефикасно функционирање при тимска работа 
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Самоиницијативност 
  • Преговарачки вештини
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Отвореност, почитување и прифаќање на различностите

Ние нудиме:

  • 40 часа неделно работно време, Скопски и Вардарски регион
  • Евалуација според KPI на секои 6 месеци со можност за покачување на плата, квартални бонуси врз основа на исполнети цели, службени патувања и обуки за усовршување во странство, службен автомобил со 100 км бесплатно возење за лични потреби, службен преносен компјутер, службен мобилен телефон со број, службена картичка за гориво, службена картичка со аванс за тековни трошоци, осигурување во случај на незгода и повреда на работно место.
  • 24.000 денари почетна нето плата

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција Аплицираат.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more