Vrabotuvanje.com - Фармацевти - Скопје - Zan Mitrev Clinic
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Фармацевти

Скопје

Application deadline:

  • Zan Mitrev Clinic

ПЗУ Клиничка Болница ЖАН МИТЕВ Скопје 
19 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА

Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ - Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.  

Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.

ФАРМАЦЕВТИ СО ИСКУСТВО

 
Одговорности и работни задачи:
Професионален фармацевт е одговорен за испораката на квалификувана и висококвалитетна фармацевтска грижа на пациентот; учествува во одржување и спроведување на воведените стандарди како и планирање, анализа и спроведување на набавка на потребни лекови и материјали за потребите на болницата. Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна фармацевтска грижа. Извршување на сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства на ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ. Извршување на други должности како што се бара.
 
 
Вештини и способности:
  • Висок степен на лична организираност
  • Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
  • Способност за тимска работа
  • Развиени интерперсонални вештини 
  • Способност за работа во динамична средина
  • Висока флексибилност и адаптибилност
 
Потребни квалификации:
  • Дипломиран фармацевт
  • Лиценца за работа во дејноста
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. 
  • Одлично познавање на MS Office програмот 
 
Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ нуди одлични услови за работа и високо професинална работна атмосфера. Основната почетна бруто месечна плата за горенаведеното рботно место изнесува 75.400 илјади денари (нето почетна плата 50.000).
 
 
Испратете мотивационо писмо и CV електронски преку полето Брза Апликација

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more