Vrabotuvanje.com - Aсистент за контрола на квалитет - Велес - ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Aсистент за контрола на квалитет

Велес

Application deadline:

  • ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес


​Швајцарската мултинационална компанија  РОНТИС,  активнa во областа на производството на лекови и медицински помагала  заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

Aсистент за контрола на квалитет​

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • ВСС  (фармација, биологија, хемија, органска/полимерна технологија, машински )
  • Одлично  познавање на англиски јазик 
  • Познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
  • Со или без работно искуство
  • Лични способности: комуникациски вештини отвореност за соработка, прилагодливост, темелност, способност за тимско работење, способност за работа под притисок, подготвеност за дејствување, способност за брзо решавање на проблеми и поставување на приоритети.
 
Главни одговорности и активности на работното место:
  • Во согласност со програмата за контрола на квалитет, гарантира редовно земање примероци и правилно спроведување на контролите низ сите фази на производниот процес (суровини, репроматеријали, на полупроизводи, како и на готов производ) и врши надзор на извршените контроли од операторите за контрола на квалитет.
  • Одговорен е за воспоставување и мониторинг на неопходни превентивни и корективни мерки/акции во случај на детектирање на дефектни производи и/или производи надвор од пропишанитe спецификации.
  • Врши надзор на хигиенската состојба во производството, предлага и презема мерки во случај на отстапување од стандардите;
  • Одговорен е за правилно функционирање на опремата за тестирање и нејзина редовна калибрација;
  • Изготвува прегледи за усогласеност на испорачаните суровини и секундарни материјали, полупроизвод и готов производ согласно компаниските стандарди;
  • Обезбедува позитивна работна атмосфера и тимски дух во својот сектор, како и соработка со другите сектори со цел подобрување на заедничките компаниски резултати.
 
Само одбраните кандидати ке бидат контактирани за интервју.
 
Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.
 
Локација : Република Македонија - Велес
 
 

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на македонски и англиски јазик по пошта на адреса : ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400 или преку полето Брза Апликација  задолжително со назнака за Асистент за квалитет, најдоцна до  31.01.2019 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more