Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрен восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека
ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:
А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е
го објавува следното слободно работно место:
Работници во магацини - 15 извршители
Потребни квалификации и вештини:
- Образование – ССС.
- Работно искуство не е неопходно, но искуство со магацинско работење ќе се смета за предност.
- Висок степен на одговорност, почитување на рокови, ентузијазам и иницијативност.
- Способност за индивидуална и за тимска работа.
- Поседување сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност.
Цел и одговорност на работното место:
- Грижа за квалитативната и за квантитативната состојба на материјалите складирани во магацините.
- Вршење физички активности: утовар, истовар и транспорт на материјалите.
- Ракување и управување со рачен виљушкар.
- Грижа за навремено и за целосно исполнување на предвидените активности.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 6:30 до 14:30 или од 7:30 до 15:30 часот, а по потреба може да се организира и работа во втора и во трета смена. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената почетна основна нето-плата за позицијата може да варира од 14.091 МКД до 18.018 МКД, но, секако, ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта: career@alkaloid.com.mk
со назнака: „За оглас: работници во магацини”
Вкупната големина на елктронската апликација не треба да надминува 20 MB.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите што ќе достават комплетна документација и што ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со Член 23 од Законот за работни односи.