Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!
Место: Скопје
Позиција: Дистрибутер / комерцијалист
Опис на работно место:
- Дистрибуција и продажба на производите од асортиманот на трговското друштво ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје.
- Врши продажба на роба до продажните места од реонот за кој е задолжен и со кои компанијата има склучено договор за деловна соработка.
- Се ангажира за зголемување на продажбата и бројот на активни продажни места за реонот за кој е задолжен
- Оптимално планирање на дневни залихи на производите
- Почитување на процедурите на работа
- Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата
Квалификации:
- Образование: минимум ССС
- Возачка дозвола: Б категорија (минимум три години возачко искуство)
- Познавање на јазик, Познавање на работа со компјутер
- Претходно работно искуство во дистрибуција ќе се смета за предност
Лични карактеристики:
- Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност
- Проактивен и професионален пристап во работата
- Чесност и лојалност
- Способност за работа во тим и во динамична средина
- Ефикасност, Желба за напредок и усовршување.
Ние нудиме:
- Работно време од 08 до 16 часот од понеделник до петок.
- Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
- Можности за индивидуален напредок во работата и усовршување преку дополнителни обуки и тренинзи.
Кратка биографија и мотивационо писмо може да испратите преку полето Брза Апликација
или на адреса: ул.1550 бр.26 - Визбегово, Скопје
Рок за избор 90 дена од денот на објавување на огласот.
По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве молиме без телефонски јавувања.