Vrabotuvanje.com - Раководител на продавница- ресторан - Скопје - СНБ ФУД ИНВЕСТ ДОО -ДОМИНОС
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на продавница- ресторан

Скопје

Application deadline:

  • СНБ ФУД ИНВЕСТ ДОО -ДОМИНОС
 

СНБ ФУД ИНВЕСТ ДООЕЛ  - ДОМИНОС ПИЦА е Компанија која својот успех го базира на тимската работа и динамичен развој, а за своите потреби објавува  оглас за вработување на

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАВНИЦА - РЕСТОРАН

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Со работно искуство од минимум 1 година 
  • Способност за ефективно и професионално насочување на вработените во продавницата - ресторанот;
  • Способност за планирање и спроведување ефективни состаноци;
  • Искуство во независно работење со насоченост кон резултатите;

 

Опис на работно место:

  • Врши проверка на залихите и прави нарачки за набавка на храна и сите останати продукти;
  • Води контрола над инвентарот и води целосен неделен рекапитулар за инвентар;
  • Води распоред за одржување и поправки на инвентарот;
  • По претходно добиена согласност од повисоки органи на Друштвото ангажира и обучува персонал во кујната;
  • Креира распоред за персоналот водејќи сметка да секоја смена го има потребниот број на работници; 
  • Лично одговара на клиентите кои имаат прашања и поплаки во однос на работењето или производите;
  • Поднесува неделни извештаи на менаџерот за работењето на продавницата;
  • Ги извршува сите задачи кои ќе му ги додели менаџерот;

 

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Пријатна работна атмосфера
  • Светски признати обуки 
  • Можност за долгорочна кариера

 

Личен профил:

  • Организираност и одговорност
  • Самоиницијативност и енергичност
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови

 

Работно време: Во две смени – прва смена од 08:00 до 16:00 часот и втора смена од 16:00 до 24:00 часот.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо преку полето Брза Апликација, најдоцна до 15.02.2019 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

 

 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more