Сезонска работа на плажа во Бугарија
Номад Партнерс е агенција за регрутирање на кандидати за работа во EU. За наш партнер од Бугарија бараме да назначиме персонал за сезонска работа во четири локали на плажа.
"Vaya Beach"е во близина на Обзор и Несебар, се наоѓа во еколошко заштитено подрачје и преставува едно од ретките природно зачувани места на бугарското Црно Море претпочитана од туристи кои сакаат да избегаат од бучните и пренатрупани туристички места.
На плажата се наоѓаат четири ексклузивни локали кои вообичаено се посетувани од гости со повисок стандард.
За работа во овие локали за периодот од 1 Јуни до 31 Август бараме да назначиме позитивни и амбициозни кандити со работно искуство.
Обезбедено е сместување, храна, превоз од хотелот до работното место, одобрување за работа со македонски пасош.
- Да се почитуваати стандардите за услуги и правилата креирани од Vaya Beach
- Одржува високо ниво на хигиена на работното место
- Почитување на внатрешниот кодекс на работа
- Насмеана, зрачна и љубезна личност
- Искуство во одредената позиција, минимум 1 година
- Вештини за работа во тим
- Коректност и организација
- Мотивација за работа
- Англиски или германски јазик ќе биде предност
- Работат во млад тим во динамична средина во период 1 Јуни до 31 Август.
- Флексибилно работно време на смени и можност за користење на слободни денови по сопствен избор.
- Редовно плаќање според вашите лични резултати/пресметување на плата по изработен час, типсот е за своја сметка.
Ако сте заинтересирани да работите за исклучително коректен работодател, Ве молиме да испратите CV преку полето Брза Апликација. Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.