Vrabotuvanje.com - Самостоен правен референт - Скопје - Скопје - Макпетрол АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Самостоен правен референт - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место Самостоен правен референт  во Одделение за правни работи, имотно правни работи и застапување во Сектор за право во Дирекција за правни работи.
 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено високо образование, Правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа правни работи;
  • Познавање и практична примена на Законот за парнична постапка, Законот за облигационите односи, Закон за извршување, Закон за стечај, Закон за општата управна постапка, Закон за управните спорови; Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост; Закон за постапување со бесправно изградени објекти; Закон за градење и Закон за градежно земјиште;
  • Работа со компјутер.
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 25.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
  • Писмо за мотивација;
  • Кратка биографија; 
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од Уверение за положен правосуден испит;
  • Препорака од претходен работодавач;
  • Уверение од кривична евиденција;
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија.

​Потребните документи да се достават на адреса:
 
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
Лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
 

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено тестирање. 
Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more