Vrabotuvanje.com - Директор за финансии и администрација - Скопје - Кам маркет
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Директор за финансии и администрација

Скопје

Application deadline:

  • Кам маркет


КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 71 маркет, постојано сме блиску до нашите купувачи.
 
Заради натамошен развој, компанијата има потреба од:
 
ДИРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА
 
 
Директорот за финансии и администрација им дава оперативна и програмска поддршка на сопствениците на Групацијата КАМ Холдинг, со цел оптимизација на процесот на донесување на важни одлуки на ниво на целата компанија.
 
Ваши задачи:
  • Управување со сите финансиски текови и сметководство во Групацијата
  • Грижа за работата согласно финансиските, сметководствените, правните закони и даночни стапки на ниво на Република Македонија и човечки ресурси
  • Раководење со сектор финансии и администрација, во кој влегуваат следниве оддели: финансии и сметководство, контролинг, човечки ресурси и ИТ
Вашиот профил:
  • Високо образование од областа на економските науки и/или сметководството и финансиите; завршени магистерски студии за бизнис администрација и/или друга соодветна диплома за постдипломски студии или завршен факултет во странство ке се смета за предност  
  • Повеќе од 10-годишно искуство на одговорни раководни места во делот на финансиското и книговодсвенто работење или работно искуство во фирми во странство
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office) како и софтвер за сметководство 
  • Способност за тимска работа, работа под притисок и почитување на предвидените рокови
  • Имате изразени лидерски, аналитички и комуникациски способности, како и силни стратешки и организациски вештини.
 
Предвидена почетна основна – нето плата на позицијата е од 72.000 денари до 90.000 денари, во зависност од работното искуство на кандидатот. 
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделникот до петок, работа во една смена – претпладне.
 
Изборот ќе се врши во рок од 30 или 45 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
 
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса:  КАМ доо, Персонален оддел, ул. „Индустриска“ бб (Товарна), 1000 Скопје или електронски преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет страница: www.kam.com.mk
 
Рокот за пријавување е до 12.02.2019 год.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more