Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - Хелиос Македонија дооел
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист

Скопје

Application deadline:

  • Хелиос Македонија дооел

Во Helios, не можеме да си замислиме свет без бои, и затоа секојдневно се трудиме да ги прилагодиме на Вашите желби и потреби, истовремено следејќи ги најновите светски трендови. Лојалноста кон нашите потрошувачи ја покажуваме преку континуирани технолошки подобрувања и постојан труд за создавање на висококвалитетни премази. Во текот на процесот на константна промена на составот, ние сме особено фокусирани на забрзување на елиминацијата на еколошки штетни материи и воведување на нови материи кои ќе бидат благопријатни за природата и човекот. Притоа, исто така развиваме нови производи кои постојано се во склоп со најстрогите еколошки стандарди и препораки.

Поради зголемување на обемот на работа, компанијата ХЕЛИОС МАКЕДОНИЈА има потреба од нов  соработник на следната работна позиција:
 
 
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
 

Задачи и одговорности:

  • Посети и комуницирање со клиенти
  • Презентација на асортиманот
  • Техничка поддршка
  • Изготвување комерцијални понуди, договори и тендерска документација
  • Продажба и наплата

Потребни квалификации:

  • Образование – ССС ,ВСС
  • Употреба на основен Microsоft Office пакет
  • Користење на англиски јазик
  • Активен возач Б категорија

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Комуникативнa и флексибилна особа со амбиција и самоиницијатива
  • Способност за самостојна и тимска работа
 

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, Ве молиме да ја доставите Вашата професионална биографија – CV преку полето Брза Апликација, најдоцна до 15.02.2019 г.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати доколку ги исполнуваат наведените услови во огласот.

Избраните кандидати ќе треба да достават и потврда за неосудуваност.​

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more