Vrabotuvanje.com - Сметководител и Инженер за одржување - Скопје - ОИЛКО КДА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител и Инженер за одржување

Скопје

Application deadline:

  • ОИЛКО КДА
 
*ОИЛКО* КДА е командитно друштво со акции за транспорт, основано на 18.01.2007 год
 
Основна дејност на ОИЛКО е транспорт и дистрибуција на нафтени деривати.
 
ОИЛКО поседува сопствена автобаза лоцирана во село Миладиновци во близината на Скопје. Истата е изградена според сите безбедносни и еколошки прописи што се однесуваат на стационирање на возила што транспортираат опасни материи.
 

ОИЛКО КДА - Скопје, распишува:

ОГЛАС

За вработување на 2 (два) работник на определено време од 6 (шест) месеци, на работно место инженер за одржување, во Одделението за возен парк во Секторот за возен парк и транспорт на ОИЛКО КДА - Скопје.

 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено високо образование – Електро или машински факултет
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно користење на MS Office пакетот
  • Флексибилност и подготвеност на соработка
 
Основни одговорности и задачи:
 
  • Инсталација и одржување на мерни ситеми и на сензорски системи за детекција на состојба на вентили, капаци и капачиња за резервоар за гориво;
  • Инсталација и одржување на системи за превенција од претовар(сонди за претовар, маса и слично);
  • Инсталација и одржување на интерлок системи и ГПС системи;
  • Водење на целосна техничка и останата документација за возилата од возниот парк и грижа за тековната исправност за возилата;
  • Водење евиденција за трошокот на резервни делови и мазива;
  • Организирање на редовен и вонреден технички преглед и регистрација на возилата од возниот парк.
Ние нудиме:
  • Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 30500 денари
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи​

ИЛКО КДА - Скопје, распишува:

ОГЛАС

За вработување на 2 (два) работника на определено време од 6 (шест) месеци, на работно место сметководител, во Одделението за финансии и сметководство во ОИЛКО КДА – Скопје.

 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено високо образование – Економски факултет;
  • Уверение за сметководител;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа на финансиско и материјално сметководство;
  • Напредно користење на MS Office пакетот и активно работење со сметководствени апликации;
  • Изразени аналитички способности и
  • Флексибилност и подготвеност на соработка.
Ние нудиме:
  • Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 28000 денари.
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
 
Писмо за мотивација
Кратка биографија
Копија од диплома за завршено образование и копија од други стекнати дипломи, уверенија или препораки
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје“,
ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт за сметководител: Лидија Саздовска, телефон за контакт: 02/ 25 20 693 
 
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје“,
ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт за инжинер за одржување: Божин Мургоски, телефон за контакт: 02/ 25 20 693.
 
 
 
 
Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со датум 21.02.2019 година.
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши по спроведувањето на интервјуто во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more