Vrabotuvanje.com - Техничар за машински инсталации - Аеродром Скопје - Скопје - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар за машински инсталации - Аеродром Скопје

Скопје

Application deadline:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2017 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.

ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје, како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата

TEХНИЧАР ЗА МАШИНСКИ ИНСТАЛАЦИИ​

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
  • Познавање на  системите на ладење и греење, водоводна и канализациска инфраструктура  
  • Опрема за прифат и отпрема (GSЕ)
  • Проверка и одржување на системи за пречистување на отпадна  вода 
  • Проверка и одржување  на системите за филтрација и третман на санитарна вода
  • Проверка и одржување на системите за вентилација (HVAC)
  • Одржување на пумпните потстаници за против пожарниот систем (ПП Систем) и инсталацијата на прскалките
  • Машинско одржување на системи и опрема
  • Електрично и оксигенско заварување
  • Детекција на машински дефекти и нивно отстранување 
 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ
  • Средно Техничко Образование  (IV степен) – Машински техничар
  • Задолжително поседување на лиценца за оперирање со ладење и греење на системи над 1mw издадена од Министерство за Економија
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област
  • Познавање на Англиски јазик 
 
ВЕШТИНИ
  • Комуникациски вештини
  • Одлично планирање и организација
  • Тимска работа
  • Познавање на компјутерски вештини
  • Добро познавање на процедури и прирачници за одржување
  • Следење на текот на трендовите и иновациите во областа и вложување во сопственото знаење
 
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација
 
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
 
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more