Vrabotuvanje.com - Царински декларант - Битола - DB Schenker
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Царински декларант

Битола

Application deadline:

  • DB Schenker
Овде си, за да придвижиш:
како Царински декларант
 
ДБ Шенкер Македонија, подружница Битола
 
 
ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.
 
 
Работно место: Царински декларант (во подружница Битола, во одделението за царинско посредување)
 
 
Вашите задачи:
  • Пријавување на увоз/извоз роба во Царинска управа на Р. Македонија
  • Активна соработка при извршување на планираните активности
  • Активна комуникација со клиентите и соработниците
  • Прибирање информации и превземање на иницијативи за контактирање потенцијални клиенти
  • Редовни извештаи, комуникација и координација со Раководителот на одделението
 
Вашиот профил:
  • Работно искуство како царински декларант од најмалку 1 година. 
  • Задолжително поседување на лиценца за царински декларант
  • Одлично познавање на царинските процеси, процедури и закони
  • Диплома за завршено средно/високо образование
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Добри компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот
 
Вашите способности:
  • Развиени комуникациски вештини
  • Тимски ориентирана личност
  • Силна посветеност на работата
  • Желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
  • Желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
  • Одговорност, организираност
 
Нашата понуда:
  • Работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
  • Привлечна плата и бенефиции
  • Можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
  • Обуки за развој 
  • Одлична работна средина и тим за работа
 
Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата онлајн апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија и останати референци, на преку полето Брза Апликација, краен рок за пријавување: 25.02.2018. 
 
Ве молиме забележете дека:
  • Со испраќање на Вашата апликација истовремено давате согласност за употреба на Вашите лични податоци содржани во апликацијата
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови.  
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more