Vrabotuvanje.com - Соработник за грижа за млади - Скопје - СОС Детско село Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник за грижа за млади

Скопје

Application deadline:

  • СОС Детско село Македонија

СОС Детско село Скопје во склоп на СОС програмата за грижа за млади обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. Програмата за грижа за млади е модел на згрижување и грижата за младите се реализира со 24 часовна грижа од соработници.

За реализирање на грижата и поддршката на младите СОС Детско село Скопје објавува оглас:

Соработник за грижа за млади


Опис на работата: 

  • Соработникот за грижа за млади поддржува и насочува млади на возраст од 14-18 години без родителска грижа во нивниот развој кон независност и автономија во согласност со принципите и барањата на СОС моделот и конвенција за правата на децата на ОН.
  • Соработникот за грижа за млади е одговорен за индивидуално водење на млади како главно лице за грижа преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација на слободни активности, следење на училишните и вонучилишните активности, поддршка при професионална ориентација и обезбедување работа, организација на контакти со биолошки сродници.
  • Соработникот за грижа за млади дава поддршка на младите во грижата за себе: исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, располагање со пари.
  • Соработникот за грижа за млади води случаи на згрижени млади следејќи ги стандардите за водење случај на СОС организацијата.
  • Соработникот за грижа за млади ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.

Потребни квалификации:

  • Завршени студии од општествени науки (психологија, педагогија, социјална работа се смета за предност)
  • Искуство во работа со адолесценти (најмалку три години професионално искуство)
  • Вештини во организација на активности кои го поттикнуваат развојот на младите (вклучувајќи специфики во однос на сексуално здравје и односи)
  • Вештини за работа во тим 
  • Емоционална интелигенција, комуникациски и интерперсонални вештини
  • Емпатија, отвореност и толеранција кон различности
  • Добро познавање на детските и човековите права
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
  • Државјанин на Р. Македонија
  • Возраст над 30 години се смета за предност
  • Б категорија (се смета за предност)

Дополнителни компетенции:

  • Подготвеност за, социјално родителување, односно висока мотивација да биде дел од животот на младите  кои не се негови биолошки деца, прифаќање на младите со сите нивни индивидуални карактеристики и нивното минато, подготвеност за лично врзување со нив, подготвеност да ја прифати улогата на социјален родител и да обезбеди грижа за децата во ситуации на споделена одговорност со останати професионалци од програмата и системот на социјална заштита, подготвеност да ја разбере значајноста на биолошките родители и роднини во животот на детето;
  • Водење на личниот развој, односно способен е да направи баланс помеѓу професионалниот, личниот и социјалниот живот, да се грижи за психичкото и физичкото здравје, активно да учествува на супервизии, размени на искуства и идни тренинзи; 
  • Капацитет да се справува со притисок способност да се работи под притисок, да ги следи поставените цели и да е смирен кога се соочува со тешки ситуации;
  • Подготвен да се справи со тешкотиите во однесувањето на децата, способен е да идентификува неадекватно однесување и реагира позитивно за да се справи со предизвиците во исто време нудејќи стабилна поврзаност и адекватна атмосфера за да се пронајде решение;
  • Делува согласно детските права, ги разбира и живее со детските права, СОС Политиката за заштита на децата и кодексот на однесување, има способност да изгради здрава, почитувачка и толерантна врска со децата и младите, да им покаже поврзаност и да се однесува кон нив со почит со цел да се спречи било какво насилство или ризик.

Работни услови:

  • Работа на определено време (со можност на продолжување на неопределено);
  • Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници;


Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 26.02.2019 преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more