Vrabotuvanje.com - СОС згрижувач - Скопје - СОС Детско село Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

СОС згрижувач

Скопје

Application deadline:

  • СОС Детско село Македонија

Приватната установа СОС Детско село Скопје преку една од своите програми поддржува згрижувачки семејства каде деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом и родителска љубов, и стекнуваат чувство на припадност и сигурност. 

СОС Детско село Скопје има континуирана потреба од мотивирани и искусни згрижувачи кои ќе водат семејство со деца без родителска грижа и ќе им обезбедат грижа и топол дом.

Со таа цел, Приватната установа СОС Детско село Скопје огласува 1 слободно работно место на определено време со можност за продолжување на договорот.

СОС ЗГРИЖУВАЧ

 

СОС згрижувачот кој обезбедува грижа е:
  • Професионалец во грижа за деца, кој заедно со згрижените деца живее во семејна куќа во состав на СОС Детското Село Скопје, го води нивниот развој, обезбедува прифаќање, разбирање на потребите на згрижените деца и раководи со домаќинството;
  • Тој гради блиска врска со секое дете кое му е доверено на грижа, му ја обезбедува потребната сигурност, љубов и стабилност; носител е на грижата кој добива постојана професионална поддршка од обучен тим;
  • Одговорен е за почитување на политиките на организацијата СОС Детско село, ги следи стандардите за квалитет и се поистоветува со вредностите, визијата и мисијата на организацијата.
  • Згрижувачот соработува во рамки на СОС Програмата за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца и со надлежните институции во системот на социјална заштита
Работни услови:
  • СОС згрижувачот добива надомест за згрижување од страна на СОС Детско Село Скопје согласно договор за работа 
  • СОС згрижувачот добива дополнителна поддршка за адекватен развој на згрижените деца 
  • СОС згрижувачот има можност постојано да ги надградува своите знаења и вештини преку обуки; 
Потребните услови за вршење на загрижувачка функција согласно законската регулатива се:
  • Возраст од 18 до 65 год.
  • Завршено најмалку основно образование
  • Добра здравствена состојба
  • Подобност за згрижувач (мотиви, ставови и спремност за вршење на згрижувачка функција)
  • Не се осудувани
Дополнителни квалификации:
  • Има искуство во грижа за деца;
  • Има поминато подготвителна обука според PRIDE моделот (се зема за предност);
  • Умее да одговори на развојните потреби на децата;
  • Умее да работи како член на професионален тим;
  • Отворен е и толерантен кон различни култури;
  • Возраст од 35 – 45 години (се зема за предност)
Доколку се пријави брачна двојка, тие ги исполнуваат овие дополнителни услови:
  • Брачната двојка е во стабилна брачна заедница најмалку 5 години;
  • Еден од партнерите има стабилно вработување и приходи надвор од СОС Детско село Скопје;
  • Двајцата брачни партнери се мотивирани да ги извршуваат функциите на згрижувач и да живеат во СОС Детско село Скопје.
 
Пред да ја испратите вашата апликација, за подетални информации за барањата и условите за работно место, ве молиме контактирајте ја Виолета Георгиевска, на телефон 071 373 306.
 
Вашата кратка биографија испратете ја најдоцна до 06.03.2019, со назнака за СОС згрижувач, преку полето Брза Апликација.
 
Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131, нас.Ченто
1040 Скопје

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Care (children, elderly...) amounts to 16.702 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more