Vrabotuvanje.com - Возач на локомотива - Скопје - ArcelorMittal
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач на локомотива

Скопје

Application deadline:

  • ArcelorMittal

 

АрцелорМиттал е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работиме во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и сме лидер во сите главни пазари за челик.
 
АрцелорМиттал Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 
 
АрцелорМиттал ЦРМ Скопје има потреба од:
 
Возач на локомотива
 
Клучни одговорности:
  • Управува со локомотива за внатрешни потреби на компанијата (во капацитетите на компанијата)
  • Прави визуелна редовна проверка за исправност на локомотивата 
  • Управува со индустриските машини (бос и виљушкар) на работодавачот согласно сертификатите што ги поседува 
  • Самостојно го одржува возилото со кое управува 
  • Во отсуство на работни активности, вработениот може да: 
  • Го чисти своето работно место и да ја обележува (фарба) линијата на која работи 
  • Изготвува примо-предајни листи за примање и предавање на материјалот во меѓуфаза 
  • Внесува податоци во апликација дефинирана од страна на работодавачот 
  • Селектира котури од претходно дефинирана програма 
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија 
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен
 
Потребни квалификации:
  • Средно стручно образование, Сообраќајна струка, Насока – Машиновозач за дизел и електрични влечни возила 
  • Поседување соодветен сертификат за управување со вилушкар ќе се смета за предност при селекцијата
 
Личен профил:
  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени
  • Комуникациски вештини
  • Тимски работник 
  • Почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите за работа може  да ја достават својата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за Возач на локомотива“ најдоцна до 15.03.2019 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more