Vrabotuvanje.com - Референт за банкарски операции - Битола - Битола - Халк банкa А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за банкарски операции - Битола

Битола

Application deadline:

  • Халк банкa А.Д. Скопје

Референт за банкарски операции
во филијала Битола (Референца Бр. 002/2019)

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:

Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.

Потребни квалификации и карактеристики:
  • Универзитетска диплома од економските науки; 
  • Без работно искуство, или со работно искуство на иста или слична работна позиција до 5 години во финансиска институција - банка;
  • Познавањето на банкарските операции со готови пари, контакти со клиенти ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Ориентираност кон маркетинг и промоција;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Чесност и доверливост;
  • Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
  • Аналитичност и прецизност;
  • Способност за тимска работа;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички средства кои се во широка употреба

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 11.03.2019 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 002/2019 - Референт за банкарски операции и задолжително да се назначи градот за кој аплицирате.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more