Vrabotuvanje.com - Возач - Прилеп - Макпетрол АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач

Прилеп

Application deadline:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
ОГЛАС
 
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 6 (шест) месеци, на работно место возач во Склад Прилеп – работна единица во Дирекцијата за големопродажба.
 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно образование; 
  • Со или без работно искуство;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Завршена обука за вилушкарист.
 
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива од 07:00 часот до 15:00 часот.
 
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
 
Висината на основната плата за горенаведеното работно место изнесува 19.000 денари.
 
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:
  • Писмо за мотивација;
  • Кратка биографија; 
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од сертификат за завршена обука за вилушкарист;
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
  • Препорака од претходен работодавач;
  • Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more