Локација: Скопје, Македонија
Договор: определено време
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 01.04.2019
Позиција: 1
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Комерцијалист за реон Скопје
Цел на работното место:
- Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Услови за работа:
- Редовна месечна плата
- Полно работно време- 40 часа
- Работа на определено време
- Пријатна работна атмосфера
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование
- Возачка дозвола, Б категорија
- Најмалку 1 година искуство во продажба
- Комуникациски вештини
- Познавање на англиски јазик
- Искуство во работење со канцелариска опрема
- Општо познавање на модерната комуникациска технологија
- Способност за управување со патничко возило
Работни задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
- Развивање и одржување на односите со клиентите
- Прием на нарачки и наплата
- Изработка на потребна документација
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна
http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 01.04.2019