Vrabotuvanje.com - Менаџер за маркетинг - Тетово - РЕНОВА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за маркетинг

Тетово

Application deadline:

  • РЕНОВА

Друштво за производство, трговија и услуги 
РЕНОВА ДОО експорт - импорт с. Џепчиште, Тетово

Објавува ОГЛАС за вработување на:

​​

МЕНАЏЕР ЗА МАРКЕТИНГ
(1 извршител)​

Квалификации:
  • ВСС
  • Претходно работно искуство на работна позиција поврзана со маркетинг и продажба ќе се  смета за предност
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите
  • Одлично познавање на Англиски Јазик 
  • Возачка дозвола за Б категорија
 
Одговорности и задачи:
  • Развој на стратегии и планови со цел зголемување на продажба
  • Креирање на политика за настап и влез на нови пазари
  • Комуникација со постоечки клиенти и стекнување на нови клиенти
  • Анализа и преглед на извршените активности и остварените резултати од продажба
  • Развој и реализација на промотивни активности, маркетинг кампањи, саеми, промоции и сл.
  • Водење на евиденција и ефикасна распределба на буџетот за продажни активности
  • Подобрување на пласманот на производите согласно потребите на пазарот
  • Следење на однесувањето на потрошувачите, трговците и конкуренцијата
  • Кординација во рамките на секторот за маркетинг и продажба
  • Контрола на продажба, наплата, нови клиенти, одговорности, водење евиденција, следење на лимити и поставени рамки
  • Интернет маркетинг, маркетинг на социјални медиуми
  • Управување и координација на сите маркетинг стратегии, рекламни и промотивни активности
  • Планирање на социјалните медиуми, интернет и директни маркетинг кампањи
  • Развој и имплементација на маркетинг плановите и проектите
  • Набљудување, преглед и извештај за сите маркетинг активности и резултати
  • Изработка на маркетинг активност во рамките на договорениот буџет
  • Извештај за враќање на инвестицијата и клучните индикатори
  • Одржување врски со медиумите и рекламирањето, креирање маркетинг презентации
  • Комуникација со дизајнери и печатници
  • Соработка со останатите сектори
  • Поднесување на тековни извештаи до Управителот на друштвото
 
Личен профил:
  • Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
  • Способност за анализа на проблеми, логично расудување и предлагање на решенија
  • Доверлива и одговорна личност, ориентирана кон остварување на резултати
  • Самоиницијативност, упорност и енергичност
  • Креативност и прецизност 
  • Способност за тимска работа и работа под притисок
  • Способност за работа во различни сектори, во динамично окружување
 
Ние нудиме одлични работни услови, пробен период во времетраење од 3 месеци, со можност за вработување на неопределено време.

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија(CV) преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Менаџер за маркетинг“.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more