Ние сме водечка финансиска компанија која нуди финансиски услуги, вклучувајќи брзи и потрошувачки кредити. Ги покануваме сите амбициозни професионалци, да аплицираат за позицијата Менаџер за односи со јавност, кој ќе биде одговорен за корпоративна комуникација на компанијата, како и градење и управување на односите со лидерите на јавното мислење на локалниот пазар.
Менаџер за односи со јавност
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.
Позицијата вклучува:
- Да планира, развива и имплементира стратегии односи со јавност за компанијата;
- Да менаџира односи со јавноста и воспоставува корпоративна комуникација на компанијата;
- Да мониторира и анализира медиумска покриеност на Тиго и финансиски друштва;
- Да подготви комуникациски материјали (соопштенија за јавност, публикации, брошури, летоци, лифлети за директна пошта, промотивни видео материјали, фотографии и мултимедијални програми);
- Да креира и координира партнерство со ПР агенции, медиуми и инфлуенсери;
- Да биде одговорен за ажурирање на информации поврзани со ПР на веб страната на Тиго;
- Да наоѓа извори и да управува со можностите за спонзорства за менаџментот на Тиго;
- Да се оценат можностите за партнерство, спонзорство и рекламирање;
- Да има силно разбирање на трендовите во индустријата кои влијаат врз клиентите и да даде соодветни препораки во врска со стратегијата за комуникација.
- Диплома од прв или втор цикслус студии за односи со јавноста, комуникации или слича област;
- Исклучителни говорни, пишани и уредувачки вештини на македонски јазик;
- Одлично познавање на англиски јзик;
- Солидно искуство на управување со проекти за односи со јавноста, односи со медиумите, корпоративна, како и кризна комуникација;
- Искуството со социјални медиуми, вклучувајќи ги блоговите, Фејсбук, Твитер итн., ќе се сметаат за предност;
- Убедлив комуникатор и презентер;
- Проактивен, сигурен, одговорен и прецизен, со особено внимание кон деталите;
- Со широк степен на креативност;
- Самомотивиран и ориентиран кон резултати, со позитивен и професионален пристап за управувањето со процесите.
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Висококвалификуван и искусен тим за соработка
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.