Vrabotuvanje.com - Partner Relations Manager - Strumica - Струмица - IuteCredit
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Partner Relations Manager - Strumica

Струмица

Application deadline:

  • IuteCredit
 
 
Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворени позиции за: 
 
Менаџер за продажба Струмица
 
Успешниот менаџер за продажба треба да воспостави стратешки партнерски односи со компании за да привлечеме клиенти за нашите кредитни производи со што нашата компанија ќе биде перципирана како конкурентна и иновативна. Менаџерот за продажба ќе биде одговорeн за максимизирање на потенцијалот на нашиот тим за продажба, изработка на планови за продажба и нивно имплементирање.
 
Главни одговорности:
 
Идентификување можности за пораст на пазарот на постоечките услуги и на нови услуги во категоријата кредитни производи кај партнери низ земјава
Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери - правни субјекти, со цел да се продаваат кредитни производи 
Спроведување на план за продажба со кој се проширува клиентската база на компанијата и се обезбедува значително присуство на пазарот 
Организирање обуки за кадарoт од партнерските компании во врска со аплицирање, тековни и нови финансиски производи;
Одржување на континуирана комуникација со партнерите и грижа за нивното соодветно едуцирање и обука со цел да обезбеди услуги кои ќе креираат задоволство од услугите од компанијата. 
Следење на процесот на работа на партнерите кои се во портфолиото и нивна неделна и месечна реализација 
Креирање, договарање и имплементирање на промоции со партнерите
Обезбедување на сите потребни рекламни материјали за обележје и спроведување на промотивните настани;
Управување со секојдневните активности со партнерските мрежи;
Подготвување извештаи за активностите;
Дневната активност е во најголем дел на терен и надвор од канцеларија
 
Потребно искуство и вештини:
 
Универзитетска диплома
Најмалку 3 години претходно искуство во продажба и преговори;
Искуство во развивање на односи со деловни партнери;
Страст за продажба и остварување на продажните цели;
Способност за комуникација,преговарање и убедување
Вештини за презентирање
Поседување на возачка дозвола и сопствено возило
Познавање на англиски јазик
Вештини за користење на– Microsoft Оffice
Вештини за подготвување извештаи 
 
Компанијата нуди: 
 
Атрактивна плата и бонуси
Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
Можност за стручни и едукативни обуки
Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето
 
 
Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на jobs@iutecredit.mk, до 30ти март 2019
 
Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more