Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, константно унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.
За нашето седиште во Скопје, потребен ни е
МРЕЖЕН И СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
Основни должности:
Инсталација и конфигурација на постоечките и нови хардверски инфраструктури (сервери, рутери, свичеви) во согласност со проектно-оперативните задачи
Секојдневно следење на системот, проверка на достапноста на сите хардверски ресурси и сервиси, инспекција на системските и апликативни логови, проверка и бекап
Редовно следење на безбедноста заради идентификување на евентуални слабости
Брза и ефикасна комуникација со корисниците и другите членови на интерните тимови
Водење сметка за перформансите на системот и нивно прилагодување
Решавање на мрежните проблеми и прекини
Имплементација на нови технологии
Услови за засновање на работното место:
Минимум средно техничко образование
Напредно познавање на мрежи и мрежни протоколи, структурно каблирање, сертификат CCNA ќе се смета за предност
Искуство во работата со мрежна опрема од еден или повеќе од наведените производители MikroTik, Cisco, Juniper
Познавање на оперативните системи Linux/Windows, релевантен сертификат ќе се смета за предност
Познавање на технологијата на виртуелни инфраструктури (Vmware)
Основно познавање на бази на податоци Oracle, sql ќе се смета за предност
Самомотивираност, посветеност, одговорност и доверливост, изразени вештини на комуникација, тимско работење и соработка, способност за решавање на проблеми, стремење кон развој и континуирано учење, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија примарна цел е воспоставување и подигнување на стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и во регионот на Источна Европа, испратете ја својата пријава со работна биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација. Во насловот на маилот (предмет), наведете го називот на позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување пријави е 07.04.2019 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. Непотполните пријави нема да се разгледуваат.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Other amounts to 22.029 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!