Млекара АД Битола
Објавува слободна позиција:
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК-ВИЛУШКАРИСТ
за Дистрибутивен центар во Петровец
Млекара АД Битола, најголемиот производител на млеко и млечни производи во Р. Македонија објавува конкурс со кој сакаме во нашиот тим да се придружат нови и енергични лица. Вработените во нашата Kомпанија се инспирирани да напредуваат, да се подобри нивното знаење и вештини. Ние сме во потрага за позитивни, посветени и вредни кадри. Оние кои се подготвени да работат напорно, но и да уживаат во она што го создаваме заедно - a тоа е уште посилна и помодерна компаниија.
ОДГОВОРНОСТИ:
- Обавува работи околу приемот, складирање, утоварот, растоварот и испораката на готовите производи во магацинот каде е распореден рачно, со рачен, плински или електричен вилушкар;
- При ракување со опасни по здравје материјали се обврзува да користи заштитна опрема;
- Сложува амбалажа вратена од терен;
- Работи на формирање, амбалажирање, подигањето и ускладиштувањето на палетите;
- Води грижа и ја одржува хигиената на просториите во кои работи, стопанскиот двор, пред магацините и е одговорен за хигиената;
- Спроведува мерки за заштита при работа и се придржува кон мерките за безбедност и здравје при работа;
- Води грижа за исправноста на вилушкарот, полнењето на акумулаторите, состојбата и полнењето на гориво;
- Ги одржува вилушкарите, другиот алат и прибор за работа;
- Во отсуство на магационерот се задолжува со примените и издадени стоки и дава извештај пред магационерот;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум 6 месеци релевантно работно искуство во магацинско работење
- Поседување на Уверение за управување со вилушкар ќе се смета за предност
За да бидете успешен кандидат потребно е да ги имате следните КАРАКТЕРИСТИКИ:
- Можност за самостојна и тимска работа
- Способност за ефикасно решавање на проблемите
- Стрпливост и упорност
Ве молиме Вашата Професионална биографија (CV), да ја испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака во subject „Магацински работник-вилушкарист“ или да оставите контакти на тел: 047-226-380 лок 118.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
За повеќе информации за Компанијата, посетете ја нашата веб страна www.bimilk.mk