Друштвото МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје бара Финансиски аналитичар
Клучни работни обврски:
- Изготвување извештаи, презентации и предлози за унапредување на работењето;
- Учество во процесот на планирање и следење на деловниот план;
- Контролинг и извештаи од повеќе сегменти на работењето (финансии, продажба, политика на цени, производство, набавки, трошоци, залихи, ризици и сл);
- Унапредување на системот на собирање и чување на податоци, унапредување на процеси, информатичкиот систем, известување и сметководството,
- Анализа на пазар, купувачи, добавувачи, производи или индустрии.
Потребни квалификации:
- Високо образование соодветно за позицијата,
- Активна употреба на Англиски јазик;
- Напредни аналитички вештини;
- Напредна употреба на MS Office и Excel;
- Пожелно работно искуство од 1-2 години во областа финансии, сметководство, бази на податоци, контролинг, планирање,
- Претходно работно искуство во индустријата за дистрибуција или продажба на стоки за широка потрошувачка (FMCG industry) ќе се смета за предност;
- Познавање на материјално и финансиско сметководство;
- Познавање на информатички системи и работење со бази на податоци ќе се смета за предност.
Компанијата нуди одлични можности за развој и надградување преку интерна академија за знаење и лидерство, и има силни корпоративни вредности.
Писмото за мотивација и кратка биографија (CV) да се достават пo електронски пат преку полето Брза Апликација со назнака: „Финансиски аналитичар” најдоцна до 15.04.2019 година.
При изборот на најсоодветен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со интервјуа.
Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.