Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба на Лабораториска и процесна хемија и Лабораториски Потрошен материјал - Скопје - Биотек Доо
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за продажба на Лабораториска и процесна хемија и Лабораториски Потрошен материјал

Скопје

Application deadline:

  • Биотек Доо

Биотек Доо, објавува оглас за регрутирање на професионални кадри – потенцијални кандидати за позицијата:

Менаџер за продажба на Лабораториска и процесна хемија и Лабораториски Потрошен материјал 

Опис:
Заради проширување на продажната палета Биотек е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати кои ќе бидат одговорни за собирање и анализирање на информации од пазарот на лабораториска и процесна хемија и лабораториски потрошен материјал, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категорија на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.
 
Идеалниот кандидат има искуство и тенденција за стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.
 
 
Одговорности:
  • Планира, развива, координира и имплементира концепти поврзани за подобрување на продажбата на производи од областа на лабораториска и процесна хемија и лабораториски потрошен материјал за која е надлежен, како и нивна промоција
  • Ја дефинира продуктната и продажна стратегија
  • Ги анализира барањата на пазарот и обезбедува специјализирани информации како да се задоволат барањата на купувачите
  • Изнаоѓа канали за набавка на продукти и ги анализира можностите за соработка со нови добавувачи согласно идентификуваните барања на пазарот
  • Преговара и утврдува цени на продукти и услови на набавка и плаќање на трговска стока за продажба
  • Комуницира и одржува контакти со добавувачите на трговска стока за продажба
  • Ја следи продажбата и движењето на залихите на трговска стока за продажба
  • Ги одредува количините и квалитетот на трговската стока за продажба нарачката, трошоците, датумот на испорака и други услови на договорите
  • Ја следи продажбата, анализира и доставува месечни проекции за очекуваниот промет, планови за набавка, продажба, продажни акции
  • Обезбедува навремени нарачки и непрекинато снабдување со трговска стока за продажба
  • Дефинира продажни цени врз основа на зацртаните деловни цели во насока на реализација на пазарната стратегија, деловните планови и буџетот
  • Ја следи конкурентската позиција на Друштвото на пазарот и предлага активности во сообразност со тековните состојби на пазарот со цел подобрување на пазарната позиција на Друштвото
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Универзитетско образование – Фармацевтски Факултет, Технолошки факултет, Природноматематички факултет
  • Искуство во набавка, продажба, управување со производи и друга слична област на работа
  • Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот
  • Способност за ефективна комуникација и преговарање
  • Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
  • Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех
 
Што нудиме?
  • Атрактивна плата
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Дополнителни бенефиции кои се предвидени за позицијата
Доколку сакате да станете дел од успешна компанија која повеќе 20 години е лидер во продажбата на лабораториска опрема, реагенси и хемиски продукти, која вложува во развој и унапредување на своите вработени, чиј приоритет е квалитетна услуга и задоволни купувачи, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more