Реномираниот ресторан и скај бар на Хотел Русија има потреба од
Келнер/кa (м/ж)
шанкер/ка (м/ж)
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Со или без работно искуство
- Познавање на англиски јазик
Личен профил:
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Љубезност и педантност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
Работната позиција за КЕЛНЕР/КА ќе вклучува:
- Примање нарачки од гости (паметење или запишување на истата)
- Внесување на нарачките во компјутер и пренос на нарачката на персоналот во шанк и кујна
- Чистење маси за време на и по завршувањето на конзумирање на храна или пијалоци на гости
- Наплаќање од клиенти
- Дополна и хигиена на садовите за сол, бибер, оцет, зејтин, салфетки и чачкалици
Работната позиција за ШАНКЕР/КА ќе вклучува:
- Грижа за крупниот и ситниот инвентар во шанкот на барот
- Градење на добра работна атмосфера и тимско работење со колегите
- Примање нарачка од келнерите, памтење или запишување на истата, внесување на нарачките во компјутер и пренос на нарачката
- Детално познавање на целото мени за храна и пијалоци и винска карта
- Подготовка на шанкот стандардно или како што се бара и подготовка на пијалаци за гости
- Чистење на шанкот за време на и по завршувањето на конзумирање на храна и пијалоци од страна на гостите
Сите заинтересирани кандидати да испратат резиме преку полето Брза Апликација.