Vrabotuvanje.com - Раководител на Увоз-Извоз - Прилеп - МИКРОСАМ Прилеп
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на Увоз-Извоз

Прилеп

Application deadline:

  • МИКРОСАМ Прилеп

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

 
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ
 

Главни одговорности:

  • Целокупно организирање и проверка на увоз и извоз 
  • Комуникација и координација на работата поврзана со други оддели во компанијата
  • Проверка на тарифни броеви при увоз и извоз
  • Организирање на транспорт и следење на пратки во транспорт 
  • Изготвување на извозни фактури
  • Контакт со купувачи и добавувачи од странство во врска со извоз и увоз
  • Контакт со Царинска Управа на Р. Македонија и шпедитери
  • Редовно следење на законски и регулативни измени во постапките за увоз-извоз
  • Одговорност за работата на останатите во одделот увоз-извоз како и за нивно професионално усовршување 
  • Дефинирање и подобрување на интерни процедури за увоз-извоз

Квалификации:

  • Високо образование - предност царина и шпедиција, економски или правен 
  • Искуство во увоз-извоз минимум 5 години – предходно искуство во раководна позиција е предност
  • Одлично познавање на закони и регулативи во постапките за увоз-извоз
  • Работно искуство во производствена средина е предност
  • Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (секој друг јазик е предност)
  • Способност за ефективна говорна и писмена комуникација 
  • Менaџерски способности и раководење со тимови
  • Способност за решавање на проблеми и брза реакција согласно променливите деловни потреби
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа 
  • Позитивен пристап
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки

Што нудиме?

  • Кариера во најиновативната македонска компанија со решенија за светски клиенти
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Конкурентна компензација
  • Континуирана обука и професионално усовршување
  • Организиран превоз и храна


Доколку ги исполнувате потребните квалификации, аплицирајте преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на позицијата за која аплицирате.

Рокот за пријавување е до 20.05.2019г.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more