Vrabotuvanje.com - Контролор во ОЕ Управување со квалитет - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Контролор во ОЕ Управување со квалитет

Куманово

Application deadline:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Контролор во ОЕ Управување со квалитет - 5 извршители

 
 
 
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
  • Стручна подготовка: ССС маш. техничар, гимназија
  • Со или без работно искуств
Одговорности и задачи:
  • Согласно операциската листа за контрола, а врз основа на пропишаните процедури и упатства за работа, врши визуелна и мерна контрола на производите и ги спроведува останатите предвидени испитувања и тестирања во производниот погон во кој што е распореден 
  • Врши вагање на готовите производи
  • Составува извештаи предвидени со системот за обезбедување квалитет
  • Одговорен е за правилно сортирање на производите по класи на квалитет
  • Одговорен е за правилно ракување со мерните инструменти
  • По завршување на серијата, кога има квар на машина или кога нема работа, учествува во промена на алат, Чистење и средување на погон и други работи поврзани со производство 
  • Врши и други работи по налог на претпоставениот во рамки на Управување со квалитет и/или во рамки на производство
  • За својата работа одговара на на контролорот на процеси со јонизирачко зрачење и/или контролорот на процеси

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичнос
Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:
 
  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува
Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на следната адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Контролор во ОЕ Управување со квалитет”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.   
 
Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 
 
Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 
 
 
Однапред се обесхрабрува секој обид за директна комуникација со кој било официјален претставник на Компанијата. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more