Vrabotuvanje.com - Брусач во ОЕ Одржување - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Брусач во ОЕ Одржување

Куманово

Application deadline:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Брусач во ОЕ Одржување - 2 извршители

 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
  • Стручна подготовка: ССПз брусач, маш.бравар
  • Со или без работно искуство
Одговорности и задачи на комерцијалистот ќе бидат:
  • Врз основа на добиена техничко-технолошка документација или примерок врши најсложени брусачки работни операции при машинска изработка на опрема, алати и резервни делови
  • Одговорен е за исправност на машината и квалитет на извршената работа
  • Врши и други работни задачи од својата стручност по налог на претпоставениот
Личен профил:
  • Посветеност на работата
  • Желба за учење и напредување во работата
  • Чесност, доверливост и одговорност
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следниве вештини, способности и лични особини:
  • Организираност и ефикасност
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност
Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:
 
  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува
Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на следната адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Брусач во ОЕ Одржување”  или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.   
 
Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 
 
Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 
 
 
Однапред се обесхрабрува секој обид за директна комуникација со кој било официјален претставник на Компанијата. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more