Vrabotuvanje.com - Стипендија Питер Гросман со вклучена програма за практикантска работа - Скопје - Aptiv
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стипендија Питер Гросман со вклучена програма за практикантска работа

Скопје

Application deadline:

  • Aptiv

APTIV е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот.

Во 2016 година APTIV ја отвори својата прва локација во Македонија, во Скопје - Технолошко индустриско развојна зона, Бунарџик како дел од ADVANCED SAFETY & USER EXPERIENCE бизнис сегментот.

Од своите почетоци APTIV е партнер со студентите, нудејќи им можност за развој на нивните вештини и знаења и напредок во кариерата.

Студенти од Техничките факултети успешно ја завршија програмата, а дел од нив и се вработија во нашата компанија. Бидете и Вие дел од ова искуство.

Стипендија Питер Гросман со вклучена програма за практикантска работа во Аптив Сервисес Македонија  

За кого е наменета стипендијата?
  • Студентите од 3-та и 4-та година на Факултетот за електротехника и информациски технологии и од Машинскиот факултет
 
Ги очекуваме кандидатите кои:
  • Го владеат Англискиот јазик и MS Office пакетот 
  • Се проактивни и самоиницијативни, поседуваат организациски и комуникациски вештини
  • Се стремат кон постигнување тимски резултати
 
Што нуди Аптив:
  • Питер Гросман стипендија за период од Јули до Декември, 2019 год, со 1 месец практиканткса работа во рамки на компанијата (практикантската работа може да се зголеми до 3 месеци во зависност од проектот на кој ќе се работи и по барање на студентот)
  • Работа на проект заедно со ментор
  • Можност за подготовка на дипломски труд
  • Запознавање со индустријата и процесите кои се одвиваат во неа
  • Динамична работна атмосфера каде може да ги споделите Вашите идеи
  • Личен, кариерен и развој на вештини 
  • Организирана храна и транспорт
  • Социјални активности и програми
  • Работно време 08.30-16.30
                                                                               
 

За сите заинтересирани, посетете нè: на штандот на APTIV на саемот за вработување и кариера - JobFair 2019 кој ќе се одржи на ФЕИТ, од 9.5 до 10.5.2019 год. или пријавете се со поднесување на Ваша биографија (CV) на следнава E-mail адреса: aptiv.hr.macedonia.staffing@aptiv.com во предмет на меилот наведете “пракса”. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 
 

Да дознаете повеќе за Aптив, посетете ја страната aptiv.com

 

It’s Your Move.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more