Vrabotuvanje.com - Сезонска работа на море во Бугарија - Софија - Номад Партнерс
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сезонска работа на море во Бугарија

Софија, Bulgaria

Application deadline:

  • Номад Партнерс

Келнери и Шанкери за работа на море во Бугарија

Номад Партнерс  е агенција за регрутирање  на кандидати за работа во EU. За наши партнери од Бугарија бараме да назначиме персонал за летната сезона  за период  Јуни-Септември 2019г. Повеќето локали се наоѓаат на плажа или други атрактивни дестинаци на туристички места како Несебар, Сончев Брег, Лозенец, Царево, Созопол и др. 

Обезбедено е сместување, храна, агенцијата ја води процедурата за вадење на одобрување за работа со македонски пасош. Работата е легална со платени придонеси за време на целиот работен однос.

Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование 
  • Работно искуство 1 година
  • Познавање на англиски јазик и руски јазик е предност
 
Личен профил:
  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Љубезност и педантност 
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
 
Работната позиција за КЕЛНЕР/КА ќе вклучува:
  • Примање нарачки од гости (паметење или запишување на истата)
  • Внесување на нарачките во компјутер и пренос на нарачката на персоналот во шанк и кујна
  • Чистење маси за време на и по завршувањето на конзумирање на храна или пијалоци на гости
  • Наплаќање од клиенти
  • Дополна и хигиена на садовите за сол, бибер, оцет, зејтин, салфетки и чачкалици
 
Работната позиција за ШАНКЕР/КА ќе вклучува:
  • Грижа за крупниот и ситниот инвентар во шанкот на барот
  • Градење на добра работна атмосфера и тимско работење со колегите
  • Примање нарачка од келнерите, памтење или запишување на истата, внесување на нарачките во компјутер и пренос на нарачката
  • Детално познавање на целото мени за храна и пијалоци и винска карта
  • Подготовка на шанкот стандардно или како што се бара и подготовка на пијалаци за гости
  • Чистење на шанкот за време на и по завршувањето на работата

Ве молиме да испратите CV преку полето Брза Апликација. Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.​

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more