Vrabotuvanje.com - Дирекцијата за малопродажба - Велес - Макпетрол АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Дирекцијата за малопродажба

Велес

Application deadline:

  • Макпетрол АД

 
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 5 (пет) работници на определено време од 4 (четири) месеци, во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место продавач II категорија на бензинска станица во Регион Велес во Дирекцијата за малопродажба.
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.
 
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 20.000 денари.
 
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено тестирање. 
 
Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 
 
МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more