ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Соработник за клиенти - население во Филијала Скопје - Експозитура Аеродром
(1 извршител)
Потребни квалификации и способности:
- Високо стручно образование од областа на економијата
- Работно искуство во банка или финансиска институција или работно искуство во продажба ќе се смета за предност
- Продажни и промотивни вештини
- Ориентираност кон клиенти
- Комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска работа
- Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
Краток опис на работно место :
- Планирање, организирање и преземање на активности поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти – физички лица
- Посета на клиенти заради промоција и продажба на производите и услугите на Банката
- Подготовка и разгледување на предлози за одобрување на кредитните барања и достава на барања на кредити за физички лица кон погорните нивоа на одлучување
- Следење, контрола и организирање на наплата на сите достасани обврски од клиентите (физички лица).
Работно време:
- 40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата
Останати информации:
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 02.06.2019 година (недела), со назнака: „Апликација за Соработник за клиенти - население во Скопје“ преку полето Брза Апликација.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.